Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Невладините контра здравствените власти: Не ви се проблем граѓаните туку системот кој не функционира

За првиот човек на Комисијата за заразни болести  Караџовски, граѓаните и натаму…

Сподели:

За првиот човек на Комисијата за заразни болести  Караџовски, граѓаните и натаму се највиновни за високите бројки. Непослушната односно не почитување на мерките, но и доцното одење на лекар  е причината за ситуацијата во која се наоѓаме- вели Караџовски за Алфа.

“Народот помисли дека од почетокот на олабавувањето на мерките вирусот го снема, или одредени медиуми и луѓе дури и ИВЗ односно реисот Реџепи изјави дека корона вирусот умрел. Значи тоа е тотална измислица и неинформираност и тотално залудување на народот. Што е сменето, сменет е “ментижот” на народот.” –  изјави Жарко Караџовски, епидемиолог.

Според Караџовски Македонија е пред голем предизвик со справување со епидемијата, но смета дека сега, не е време за ригорозни рестриктивни мерки, повторувајќи дека – “по нормалното секојдневие” е во рацете на граѓаните.

Реклама

Меѓу другото признава дека освен што здравствените работници се на работ на издржливост, туку и се во голем недостиг.

“Ако ме прашате во моментот колку имаме капацитет? Сите инфективни одделенија во Македонија се исполнети околу 80 до 90 проценти исполнети. Како ќе му помогнеме на здравствениот систем ако сите заеднички не му помогнеме – со пари не може! Луѓе немаме. Имаме само 30-40 епидемиолози и педесетина инфектолози, имаме и пуломолози и тоа е се.“ – вели Караџовски.

Не се проблем граѓаните, туку системот. Невладините контра здравствените власти. Наместо голи обвинувања, неопходни се итни решенија, алармира невладиниот сектор.

“Не треба секогаш прстот да го вперуваме на граѓаните. Туку што превземала државата за да доведе до оваа ситуација за луѓето да не ги почитуваат мерките.” – вели Борјан Павловски од Здружението ЕСЕ.

Инаку, Македонија е во топ 10 во Европа и убедливо прва во регионот според бројот на починати од почетокот на пандемијата со регистрирани 203 жртви на милион жители. И покрај црните статистики и секојдневната трицифрена бројка на ново заразени во Македонија, засега здравствените власти не планираат враќање на рестриктивните мерки.

 

Ања Василева