Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Недостиг на возачи на камион во САД, недостигаат дури 80.000

Гужва на пристаништата и долго чекање во магацините. Недостигот од 80 илјади…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гужва на пристаништата и долго чекање во магацините. Недостигот од 80 илјади камионџии го влошува проблемот, предупредува Американското здружение за камиони.

Друг фактор: камионџиите не се ефикасно распоредени, вели академски истражувач, бидејќи тие просечно возат шест и пол часа секој ден од 11-те, коишто им се дозволени.

„Тие постојано се недоволно искористени и тоа за околу 40 проценти“, вели Дејвид Корел од Центарот за транспорт.

Реклама

Корел вели дека причината е јасна.

„Начинот на кој конвенционално ги закажуваме нашите возачи на камиони за подигнување и испорака, а потоа и начинот на кој се однесуваме со нив, со особено малата почит на нивното време“, додава тој.

Камионџија од Лос Анџелес, имигрант од Кина, влегува во пристаништето секој ден.

„За еден истовар, понекогаш чекаме од шест до девет часа. Да, понекогаш тоа е многу лошо“. „Дали заработувате пари кога чекате? „Не, тоа се изгубени пари. Сите губат пари“, вели еден камионџија.

Камионџиите може да се соочат и со долго чекање во магацините. Еден романски имигрант, е камионџија на долги релации од Чикаго.

„Понекогаш е прашање на тоа како тие компании се организирани, колку добро се обучени нивните вработени, колку се грижат за тоа што го правите и фактот дека и ние треба да заработиме пари“, вели еден камионџија.

Камионџиите можат добро да заработат, па затоа многумина сакаат да влезат во таа индустрија, вели сопственик на училиште кое обучува диспечери на камиони. Но, студентите мора да одлучат дали се подготвени да ја преземат тешката работа.

„Треба да се идентификувате дали сте вистинската личност за да се занимавате со ваков бизнис“, вели сопственикот на училиште за диспечери, Џејмс Занг.

Администрацијата на Бајден се надева дека ќе го надмине недостатокот со проширување на ваквите програмите и обука на воени ветерани како камионџии. Но, прометот е голем, а друг аналитичар вели дека треба да се запрашаме зошто.

„Во моментов во САД има околу три и пол милиони работни места за кои е потребна комерцијална возачка дозвола, она што возачите го нарекуваат ЦДЛ. Имаме околу 10 милиони луѓе во САД кои ја поседуваат таа лиценца“, аналитичарот проф. Стив Висели.

Некои од нив управуваат со тешка опрема, додека други се преселиле во индустрии како градежништвото, фрустрирани со нефлексибилните правила за возење кои им кажуваат кога да спијат, на пример, дури и ако не можат да најдат безбедно место за тоа.

„Ми се случило кога морав да застанам на две или три различни места и, не можев да најдам паркинг место после шест часот навечер“, вели еден камионџија.

Според експертите, камионџиите сакаат да се почитува нивното време и професионализам додека ги пренесуваат стоките од витално значење низ САД.

Од Гласот на Америка за Алфа, Јованчо Наумоски