Во пресрет на годинашната конференција „Наука за деца“, распишан е конкурс за наградата „Колега Стиков“, за најдобра медиумска содржина изработена од ученици и средношколци посветена на македонската наука.
Учесниците треба да се на возраст до 18 години и да подготват оригинална мултимедијална содржина (видеорепортажа, интервју, поткаст, документарен прилог) со траење од најмногу 5 минути.
-Пронајдете приказна што вреди да се раскаже: изум или откритие на научник од Македонија или родум од Македонија чија работа заслужува да биде позната, велат организаторите.
Материјалите треба да се пратат на е-адресата: [email protected] заедно со име и презиме, возраст, училиште, град и телефон за контакт. Рокот за пријавување е 21 октовмри.
Наградата се состои од 30,000 денари и можност за понатамошно менторство. Се доделува во чест на доајенот на македонското спортско новинарство Александар Стиков, а ја доделуваат семејството Стикови и фондацијата Кантарот.

