Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Народниот правобранител со порака за инклузија по повод Денот за свесност за аутизмот

Народниот правобранител се приклучува кон одбележувањето на Меѓународниот ден за свесност за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народниот правобранител се приклучува кон одбележувањето на Меѓународниот ден за свесност за аутизмот, ден кој потсетува на важноста на разбирањето, прифаќањето и поддршката на децата/лицата со аутизам и нивните семејства.

-Аутизмот е спектар на состојби кои влијаат на начинот на кој лицата комуницираат, се поврзуваат со другите и го доживуваат светот. Секое лице со аутизам е уникатно, со свои способности, интереси и начини на изразување. Различноста не е пречка, туку богатство кое го збогатува општеството, се наведува во соопштението од Канцеларијата на Народниот правобранител.

Од институцијата апелираат кон создавање на инклузивни и безбедни средини, каде секое дете и секое лице со аутизам ќе може да се развива, да биде прифатено и активно да учествува во општествениот живот. Институциите и општеството имаат обврска да обезбедат еднакви можности за образование, здравство, социјална заштита и вработување, без дискриминација.

Реклама

Народниот правобранител истакнува дека останува посветен на следење на правата на децата/лицата со аутизам и на укажување на институциите за потребата од конкретни и навремени мерки кои ќе обезбедат достоинствен и квалитетен живот за сите.