Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2 процента

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2 процента. Прес-службата на централната банка соопшти дека одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со првиот квартал од 2026 година.  […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2 процента.

Прес-службата на централната банка соопшти дека одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со првиот квартал од 2026 година.  – Оваа стапка ќе важи од третото тримесечје на 2027 година и се оценува дека таа е соодветна на тековните макрофинансиски услови и на состојбите во банкарскиот систем. На кредитниот пазар и натаму има солидна кредитна активност, но банкарскиот систем е добро капитализиран и ликвиден, со задржана стабилност и отпорност на шокови. Тоа е видливо и преку ниската стапка на нефункционални кредити, којашто и натаму опаѓа, и преку солидната профитабилност –  информира Народната банка. 

Одлуката за задржување на истата стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот наведиваат дека е поддржана и од построгите макропрудентни мерки за квалитетот на кредитната побарувачка. Тие се во примена од крајот на претходната година, а во првото тримесечје од 2026 година се забележуваат првичните влијанија преку подобрата структура на новите кредити од аспект на кредитните стандарди применети од страна на банките.

Реклама

– Ваквата поставеност на макропрудентните мерки би придонела за ограничување на системските ризици во следниот период и за натамошно задржување на стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и редовно, на квартална основа, ќе ја преоценува висината на стапката – велат од Народната банка.