Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

Наредната недела почнува oткупот на тутунот – рекорден род со рекордни цени плус државна субвенција

Од вторник прилепскиот Тутунски комбинат ги отвора 34-те откупни пунктови со вкупно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од вторник прилепскиот Тутунски комбинат ги отвора 34-те откупни пунктови со вкупно 37 ваги за откуп на годинашниот тутун. Годинава, според склучените договори со кооперантите, очекувањата се дека Комбинатот ќе откупи над 2 милиони и 300 илјади килограми високо-квалитретен тутун, што е за 35 проценти повеќе од лани. Откупните цени се дефинирани уште од март, но доколку има ценовна промена во текот на откупот, како што бараат и тутнуарите, откупувачот се обврзува ретроактивно да ја исплати и таа разлика во цената, па тутунарите нема да бидат воопшти оштетени, уверуваат од Комбинатот.

 „Комбинатот има едни од највисоките досега прикажани цени. 420 ден. за прва класа, 360 ден. за втора класа и 300 ден. за трета класа….Годинашниот тутун, барем летните берби, беше со доста добар квалитет. Е, сега, проблем е што во тековниов месец, или месец ноември, сеуште се собира тутун, што не е пожелно, оти овој тутун нема да го има соодветниот квалитет“, – изјави Александар Алекоски, директор на Тутунски комбинат, Прилеп.

Предадениот род ќе се исплаќа двапати неделно и редовно, секој вторник и петок, односно најдоцна за ден-два од откупот. Што се однесува пак, до враќањето на класите, од Комбинатот сметаат дека тоа е една од мерките за задржување на квалитетот на тутунот во ова поднебје, преку соодветнотои ценење и вреднување на сработеното. А додека за владината септемвриска одлука со која се забранува увоз на тутун додека трае откупната кампања, од Комбинатот се согласни дека тоа е нужно и за заштита на домашниот производство, но и на тутунарите.

Реклама

  „Според мене е многу позитивна, пред сеза самите тутунаари, бидејќи  до одреден степен се заштитени од надворешната конкуренција. Целта е првично да се откупи домашното производство на тутун, па после сеостанато, доколку има потреба, додколку нема, нормално нема да се купува“, – потенцира Алексоски.

  Инаку, годинава вкупниот род на тутун, на ниво на држава, според откупувачите, се очекува да тежи околу 26 милиони килограми, наспроти проценките на тутунарите кои велат дека годинава ќе бидат произведени масимум 22 милиони килограми. Прилепскиот тутунски комбинат во однос на лани во март ги зголемил откупните цени за 5 за првата, и за 10 проценти за втората и третата класа.