Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Нападната екипа на ТППЕ во Куманово, полицијата приведе две лица

Пожарникари од Куманово биле нападнати во кругот на територијалната противпожарна единица, соопштија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарникари од Куманово биле нападнати во кругот на територијалната противпожарна единица, соопштија денеска од синдикатот на пожарникарите на Македонија. Случајот го потврди и СВР Куманово, а го осуди и градоначалникот на општината, Максим Димитриевски.

– Синдикат на пожарникарите на Македонија при НСДА изразува најостра осуда за синоќешниот брутален напад врз тројца наши колеги. Нападот со тупаници и камења врз пожарникари-спасители пред самиот објект на единицата е недозволив чин на насилство врз луѓе кои се во служба на граѓаните, велат од синдикатот.

Додаваат дека пожарникарите се службени лица и побараа Министерство за внатрешни работи и Обвинителството итно да ги процесуираат напаѓачите до Основниот суд Куманово.

Реклама

За напад врз овластено лице мора да има кривична одговорност. Хуманоста не смее да биде цел на напад: Ние сме тука за да спасуваме животи и имоти. Пожарникарите заслужуваат почит и безбедност на своето работно место, а не физички напади. Бараме правда: Овој случај не смее да помине неказнето за да не се повтори. Институциите мора да покажат дека законот важи за сите и дека нападот врз спасителите е напад врз целата заедница, повикаа од синдикатот.

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски го осуди нападот, повика на брза реакција на институциите за решавање на случајот.

– Најостро го осудувам нападот што вчера се случи врз тројца пожарникари од Противпожарната единица Куманово. Недозволиво е напад на службени лица при вршење на својата службена должност. Пожарникарите, како и сите лица кои се во служба на чување на безбедност на граѓаните заслужуваат почит, а не физички напади. Апелирам надлежните институции итно да реагираат и да постапат согласно законот. Секој сторител на вакво дело треба да сноси одговорност. Посакувам побрзо закрепнување и враќање на работните задачи на повредените лица, повика Димитриевски.

Од СВР Куманово го потврдија случајот, укажувајќи дека се приведени две лица за нападот.

– Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Љ.Г.(32) и Ф.С.(32), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека пред зградата на Територијална противпожарна единица Куманово физички го нападнале С.С.(35) од Куманово, вработен во Територијална противпожарна единица Куманово. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, соопшти полицијата.

Од општата болница потврдуваат дека било примено едно лице во 18 часот вчера кој имал повреди на главата. По пружената помош пуштено е на домашно лекување.