Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Прилози

Напади врз Израел и земјите од Персискиот Залив по изборот на новиот ирански водач

Уште еден ден со взаемни обвинувања и воздушни напади на Блискиот Исток.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште еден ден со взаемни обвинувања и воздушни напади на Блискиот Исток. Изутрината, со нов бран на ракети, Израел го нападна Техеран, соопшти тамошното МО.

„Израелските одбранбени сили започнаа дополнителен бран напади врз инфраструктура на иранскиот терористички режим во централниот дел на Иран“, се наведува во соопштението објавено на платформата Телеграм.

Со иста мера возвраќа и Иран.

Реклама

Сирени за опасност од воздушен напад одекнувале во поголемиот дел од централниот и северниот дел на земјата, меѓу кои и во Тел Авив и Хаифа, а од напади со дронови погодени се и земјите од регионот.

Воздушните одбранбени системи на НАТО во источниот Медитеран соборија втор балистички проектил испукан од Иран, кој влегол во турскиот воздушен простор, соопшти турското Министерство за одбрана.

„Уште еднаш нагласуваме дека против секоја закана насочена кон територијата и воздушниот простор на нашата земја ќе бидат преземени сите потребни чекори решително и без двоумење“, објави турското Министерство за одбрана.

Ова е втор ваков инцидент, а ваквите настани може да го донесат Техеран во конфликт со сите членки на алијансата.

Најмалку 32-јца луѓе се повредени во Бахреин, од кои четворица сериозно, откако ирански беспилотни летала го погодија регионот Ситра во раните утрински часови.

Експлозии утрината се слушнале и во Абу Даби, а тамошното МО соопшти дека детонациите се резултат на пресретнување на иранските балистички ракети од страна на системите за воздушна одбрана.

Иранското МВР вели дека цел на овие напади биле американските и британските бази.

„Ние напаѓаме американски бази, инсталации и средства, кои, за жал, се наоѓаат на територијата на нашите соседи, а додека траат нападите од нивна страна нема смисла да зборуваме за ништо друго освен за одбрана на нашата држава“, соопшти Иранското МНР.

За САД, завршувањето на војната ќе биде „заедничка“ одлука со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Се бориме за победа. Ние ги поставуваме условите и ќе знаеме кога тие нема да бидат способни да се борат. Ќе има момент кога нема да имаат друг избор освен да се предадат“, изјави секретарот за одбрана на САД.

Официјална Москва повика на итна деескалација, изразувајќи длабока загриженост за развојот на ситуацијата.

„Москва смета дека е фундаментално важно да се обноват политичките и дипломатските напори за постигнување договор за сигурна и долгорочна безбедност во регионот“, соопшти Руското МНР.

Официјален Техеран од вчера има и нов врховен лидер.

Моџтаба Хомнеи ќе го наследи својот татко на највисоката функција во државата, кој беше убиен во првиот ден од израелско-американските напади на Иран.

Мартин Трајчевски