Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Економија

Највозрасниот милионер во Македонија има речиси 100 години, најмладиот само девет

Деветгодишник е најмладиот милионер во денари во земјава . Според анализата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Деветгодишник е најмладиот милионер во денари во земјава . Според анализата на УЈП детето милионер добилo над 1 милион денари од закупнина. Најстариот милионер, пак,  во денари, има 97 години.   Во евра, најмладиот милионер за 2022, е 24 годишник, е највозрасниот, има  77 години.. Најголемите плати и приходи минатата година се остварени во главниот град.   За една година , скопјанец пријавил приход  во износ од 446 милиони денари, а  трговец со цигари исто од Скопје имал највисока плата  . Во трговија на големо со производство од тутун тој заработил 144 милиони денари, или месечно по  200 илјади евра . Скопјани се и на листата на највисок остварен доход од самостојно вршење на дејност . Највисоки приходи имале адвокати, нотари , угостители, одгледувачи на жито и мешункасти растенија

24-годишник е најмладиот милионер во евра за 2022 година со остварен и пријавен доход од странство во износ од 61,6 милиони денари а 77 годишно лице со остварени 92,9 милиони денари доход е највозрасниот милионер во евра. Најмладиот милионер во денари има 9 години со остварени нешто над 1 милион денари од закупнина додека највозрасниот има 97 години и лани остварил доход во износ од 1,2 милиони денари по основ на пензија и доход од извршена работа“, рече Лукаревска .

28 граѓани живеат навистина богато . Тие оствариле приход од над 100 милиони денари , или тројца повеќе од лани во оваа категорија, а 995 граѓани заработувале од 10 до 100 милиони денари .

Реклама

 Најсреќни градови се Кичево и Кочани . Кичевчани во игри на среќа од Државна Лотарија,  лани добиле 32,9 милиони денари, а пак жителите на Кочани имале вкупна добивка од 27,3 милиони денари .

Овие податоци даваат јасна слика за приодите на граѓаните, но УЈП најави дополнителни контроли поради сомнеж дека компании правеле малверзации со исплаќањето на данок на добивка .

Согласно поднесените и потврдените годишни даночни пријави треба да провериме бидејќи тоа е наша претпоставка, дека лица од сопствените компании имаат исплатено доход којшто нема никаква ниту економска ниту соодветна пазарна логика. На пример сопственици или управители на сопствените компании им даваат консултантски услуги, издаваат имот под закуп под баснословни суми, исплаќаат за права на индустриска сопственост или авторски права, што е прилично симптоматично. Секако дека кога станува збор за овој профил на луѓе се очекува и дека ќе исплатат соодветни повисоки плати, како и повисоки дивиденди. Со цел да ги избегнеме сите овие нелогичности од законски аспект ќе направиме соодветни дополнителни анализи, Лукаревска.

Според анализата, вкупниот приход кој го пријавиле над 780 илјади граѓани изнесува околу 413 милијарди денари ( 413.848.537.742) , што е повисоко од лани за 3.3 милијарди денари.