Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Најмногу дожд наврна во Ѓуриште, највисока снежна покривка на Попова Шапка

Во изминатите 24 часа најногу дожд, 3 литри на квадратен метар наврна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изминатите 24 часа најногу дожд, 3 литри на квадратен метар наврна во Ѓуриште, а по 1 во Скопје-Петровец, Виница, Демир Капија. Највисока снежна покривка од 10 сантиметри, пак, има на Попова Шапка,  5 во Маврови Анови, а 1 сантиметар во Ѓуриште.

Утрово најстудено беше на Попова Шапка каде се измерени – 4 степени Целзиусови, -2 во Лазарополе, Маврови Анови и Крушево, 0 во Тетово, Охрид и Претор, 1 во Битола, 2 во Крива Паланка и Берово, 3 Виница, 4 Скопје-Зајчев Рид, Штип и Куманово, 6 Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци, Демир Капија и Струмица, а најтопло беше во Гевгелија каде е измерена температура од 8 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени Целзиусови.

Реклама

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени Целзиусови.