Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Прилози

Најавените пеколни температури ги мобилизираат општините за справување со евентуалните пожари

Зајакнување на противпожарните капацитети и воведување на нови мерки за справување со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зајакнување на противпожарните капацитети и воведување на нови мерки за справување со евентуалните пожари, особено по најавите за престојни пеколни температури, се само дел од тековната мобилизација на општините ширум земјава. Во таа насока, битолскиот градоначалник веќе одржа и работно-координативен состанок со командирот и заменик-командирот на локалната ТППЕ на кој е разговарано за подготвеноста на единиците со човечки и материјални ресурси, начинот на ангажирање и комуникација меѓу чинителите на системот за заштита и спасување, како и за тековните предизвици.

 „Командирите информираа дека ТППЕ Битола, која покрива три општини е солидно опремена, но постои реална потреба од зголемување на човечките ресурси. За таа цел, градоначалникот Тони Коњановски најави дека Општина Битола ќе се вклучи во мерката 6.2 од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2025 година, која овозможува работно ангажирање на невработени лица за превенција и заштита од пожари, како и за активности за пошумувања и заштита на животната средина на локално ниво“, – информираат од Општина Битола.

  Дека годинава, државата, а и општините, се значително поподготвени во однос на изминатите неколку години кога пламените јазици неповратно ни „проголтаа“ илјадници хекатри шума, деновиве потврди и премиерот Христијан Мицкоски, според кого, старите воени и полициски возила ќе бидат ставени во функција за очекуваната летна сезона на пожари.

Реклама

   „Новитет е тоа што делот од застарената и магационирана опрема, како што се БТР 70-80, старите „хермелини“, „пинцгауери“ и сл., кој што беа во магацинте на МО и во МВР, се модернизираа, се обработија, им се инсталираа и посебни резервоари за вода, се купија пумпи кои што работат на висок притисок и можат да пристапуваат на непристапни терени“, – изјави Христијан Мицкоски, претседател на Владата.

  И од ДЗС пристигнуваат оптимистички информации. Директорот Стојанче Ангелов уверува дека двата ер-трактори биле веќе сервисирани, а се очекува да заврши сервисирањето и на третиот. На располагање ќе бидат ставени и двајцата пензионирани пилоти за да му помогнат на единствениот кој е вработен, што ќе биде доволно за враќање на дозволата за оперативни летови на ДЗС, а која што во моментов ја нема, појаснува Ангелов.

  Инаку, минатото лето, справувањето со огромните пожари кои ја зафатија земјава беше еднакво на невозможна мисија без помошта од странските противпожрни единици. Лани, на територијата на цела Македонија, изгореле преку 85.000 хектари површина, од кои, според некои проценки, над 8.000 хектари биле под шума. А само во последнава деценија штетата од пожарите во Македонија е проценета на преку 130 милиони евра.