Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Над 20 тони отпад собрани во Прилеп во рамки на акцијата „Еко-мисија, твој потпис за природата“

    Обезбедување здрава и чиста животна среднина, преку континуирано системско, но и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

    Обезбедување здрава и чиста животна среднина, преку континуирано системско, но и институциално и лично делување, е еден од првите реализирани проекти на новата прилепска локална власт. Ветеното е исполнето. На иницијатива на градоначалникот Дејан Проданоски, под мотото „Еко-мисија, твој потпис за природата“, денеска во градот под Марковите Кули, беа собрани илјадници тони смет на над 20 градски и приградски локации. На некои од тие сегашни диви депонии, за скоро време треба да никнат и големи рекреативи паркови.

  „Еден од најголемите паркови, на 30 илјади метри квадратни, би се најдувал во близина на селото Волково, околу Вештачката акумулација која што се наоѓа таму. Токму таа беше симболиката прво да исчистиме, па да направиме катче за рекреација, а со тоа да дадеме и пример дека овие простори околу градов, излетнички места, места за пешачење, за движење, за рекреација, треба да бидат чисти и да бидат пријатни кога се движиме низ нив, а паралелно со тоа е и она за подигање на еко-свеста“, – изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

  Освен се’ уште ниската еколошка свест кај некои граѓани, во Прилеп проблем е и недостигит на кадар кој би ги „ловел“, а следествено на тоа, и соодветно би ги санкционирал загадувачите. Ова, уште повеќе, и зашто ако граѓаните не се фатат на лице место, таквото дело потоа тешко се докажува, велат од Секторот за животна средина. Од овие причини, од ЛС најавуваат поставување и на камери на јавни пртостори кои ќе бидат таргетиретирани како потенцијални диви депонии.

Реклама

  „Еден инспектор е за животна средина. Јас имам редовни надзори, вонредни надзори и инцидентни надзори. Одлагањето на отпадот вообичаено се врши во полладневните часови кога јас не сум на работа, а по Законот за јавна чистота може да постапува и Полицијата. Како единка, јас не би можела сама да направам многу. А секако дека треба да се изрекуваат казни“, – рече Цветанка Николоска, Сектор за животна средина при ЛС Прилеп.  

   Казните за несовесните граѓани се движат од 500 до 1.000 евра, а додека за правните, тие се движат од 9.000 до 15.000 евра. Во денешната градска генералка беа вклучени преку илјада граѓани од јавните претпријатија, компаниите,училиштата, невладиниот сектор, како и од администрацијата.