Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Над 180 пријавени верници за фаќање на светиот крст во река Радика

Повеќе од 180 верници од многу градови на нашата држава, до попладнево…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 180 верници од многу градови на нашата држава, до попладнево се  пријавени за фаќање на светиот крст што утре ќе биде положен во водите на река Радика, општина Маврово и Ростуше, со благослов на епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир.

Како што изјави, архимандрит Доситеј, на чиј телефонски број 070 342 970 се јавуваат заинтересираните верници, се очекува до крајот на денот тој број да биде и поголем, имајќи в предвид дека во просек секоја година има по над 200,  а минатата дури 300 верници. 

Утре, на денот на празникот, во 8 часот, по традиција ќе биде одржана Божествена Златоустова литургија во храмот „Пресвета Богородица“ во село Ростуше, со која ќе чиноначалствува владиката Партениј, од каде во 9:30 часот ќе тргне торжествената Литија до „Ростушки мост“, каде ќе биде полагањето на крстот во реката Радика. 

Реклама

Во Бигорскиот манастир вечерта во 19 часот ќе почне вечерна богослужба во чест на Свети Јован, додека во вторник кога се слави соборот на Свети Јован Крстител, во 6:30 Утрена и Божествена Литургија.

Отец Доситеј потврди дека традиционално заедно со верниците ќе бидат и претставници на локалната власт на општина Маврово и Ростуше, кои го даруваат оној кој прв ќе стигне до крстот.
Дополнително, медицинскиот тим на брзата помош од Здравствениот дом „Русе Бошковски“ од Ростуше, ќе биде на терен за целосна поддршка и брза реакција во случај на потреба.

Празникот Водици ќе биде одбележан и во Дебар, со положување на светиот крст во базенот во дворот на црквата „Света Петка“, каде се наоѓа и седиштето на Дебарската парохија.

-До денеска имаме четири пријавени деца, но имајќи ги в предвид претходните искуства очекуваме утре да имаме и други пријавени, рече, Миле Ангеловски, намесник на парохијата.

Според него, утре во 7:30 часот ќе почне Света Златоустова литургија, по што  ќе биде положен светиот крст.