Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Над 10.000 работни места останале празни во првите месеци три месеци од годинава – очајно се бараат келнери и продавачи по маркети

Над 10 илјади празни работни места во државава, очајно се бараат продавачи  и кленери. Младите неместо во рестораните и маркетите низ Македонија, сакаат да работат во поморските дестинации во Регионот и Европа. Продавници, трговски центри, ресторани, кафулиња, хотели и други услужни компании постојано бараат работници, но понудата не успева да ја следи побарувачката, покажуваат податоците […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 10 илјади празни работни места во државава, очајно се бараат продавачи  и кленери. Младите неместо во рестораните и маркетите низ Македонија, сакаат да работат во поморските дестинации во Регионот и Европа. Продавници, трговски центри, ресторани, кафулиња, хотели и други услужни компании постојано бараат работници, но понудата не успева да ја следи побарувачката, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

„Вардарскиот регион има најголема потреба од работници, односно од 2,28 проценти. Највисока стапка на слободни работни места од 4.94 % има во секторот Сместување и послужување храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.15 %“, велат од заводот за статистика

Освен во угостителството, забележлив недостаток на кадар има и во административниот сектор. Таму фалат скоро 5 процени работници. Побарувачка има и за шофери и градеженици, а има недостаток на работници и во трговијата и складирањето.

Реклама

„Во трговијата на големо и мало биле регистрирани 2.067 слободни работни места, додека преработувачката индустрија има 2.174 непополнети позиции.“

Висината на платите секако игра клучна улога во потрагата по соодветен кадар. Кај малите и средните компании тој проблем е поизразен, затоа што работници бараат сигурност и подобри услови во поголеми компаниии. Ваквиот тренд е загрижувачки, особено ако продолжи и во наредниот период. Недостигот на работна сила може да биде сериозен предизвик за домашната економија во иднина и додека келнери и продавачи тешко се наоѓаат, во енергетскиот сектор ретко фали кадар. Статистиката открива дека недостигот на работниците е минимален во  компаниите за снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Доволно вработени има и во јавната управа, образованието и здравствената заштита.

Бојан Таневски