Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Национална конференција „Промените во семејството и потребата од реформи во семејното законодавство“

Национална конференција на тема: „Промените во семејството и потребата од реформи во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Национална конференција на тема: „Промените во семејството и потребата од реформи во семејното законодавство“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Институтот Јуридика Прима.

Најавено е учество на професори од областа на семејното право, социологија на семејството и семејните студии, судии од Уставниот суд и Врховниот суд, претставници од ресорни министерства, центри за социјална работа, адвокати, медијатори и невладините организации. Тие ќе дебатираат на четири панели: „Промените во брачните и семејните односи во совремното општество„, „Зошто се потребни реформи во заштитата на прават на детето?“, „Кои реформи се потребни во уредувањето на брачните имотни односи?“ и „Проблеми во заштитата на правата на детето во практиката“.

Организаторот на конфренцијата посочува дека во македонското семејно законодавство, за разлика од другите европски земји, повеќе од три децении не се направени позначајни реформи и покрај тоа што се случуваат брзи и динамични промени во брачните и семејните односи. Најавува дека на Конференцијата ќе се укаже на потребата од темелни реформи на семејното законодавство со цел да се обезбеди негово усогласување со глобалните реформи во семејните законодавства во другите европски земји и да се обезбеди подобра заштита на сите членови на семејството, а особено на децата.

Реклама

– На Конференцијата ќе се разговара се длабоките промени во сите сегменти на брачните и семејните односи во Македонија, како и за предизвиците со кои се соочуваат современите семејства. Имајќи предвид дека семејството е основна клетка на општеството, овие промени се рефлектираат и на сите сегменти на општествениот живот во нашата држава. Во овој контекст на Конференцијата ќе се презентираат реформите во семејното законодавство кои се предвидуваат во Книга 4 Семејноправни односи во Нацртот на Граѓански законик на Република Македонија. Една од основните причини поради кои се организира оваа Конференција е да се упати апел до надлежните институции, како и до целокупната македонска јавноста дека е крајно време да се реформира семејното законодавство, пред се за да се обезбеди подобра заштита на правата и интересите на децата кои се иднината на нашата држава. Организаторот и учесниците на оваа Конференција чуствуваат лична обврска и одговорност да ги иницираат потребните реформи кои се однесуваат на правата на децата затоа што на нив им го должиме најдоброто!, се вели во најавата за настанот.