Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски на конференција на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска учествуваше на конференцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на Генералштабови, која се одржува во Копенхаген, Данска, информираат ог ГШ.

На состанокот, со кој претседавал претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, учествувале началниците на Генералштабовите на сојузничките земји, како и врховниот командант на Сојузничките сили за Европа, генерал Алексус Г. Гринкевич и врховниот командант на Сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандие.

-Во фокусот на дискусиите на конференцијата беа актуелните безбедносни предизвици и стратешки прашања од витално значење за Алијансата со посебен акцент на  зајакнување на колективното одвраќање и одбрана, имплементација на одлуките донесени на Самитот на НАТО во Анкара, иновации и технолошки развој во одбраната, како и континуирана поддршка за Украина, информираат од Генералштабот.

Реклама

За време на состанокот, генералот Лафчиски ја потврдил цврстата посветеност на нашата држава кон зајакнувањето на колективната одбрана и зачувувањето на регионалната стабилност.

Притоа, тој го истакнал непрекинатото учество на нашата Армија во активностите за заштита и одбрана на источното крило на Алијансата, како и посветеноста кон постојано унапредување на оперативната подготвеност преку процесите на модернизација, интензивни обуки и учество на меѓународни вежби.

Во рамки на работниот дел од конференцијата било спроведено и гласање за избор на следен претседавач на Воениот комитет.

Воениот комитет се состанува за да дискутира за операциите, мисиите, вежбите, капацитетите и други релевантни теми на НАТО. Како највисок воен орган на НАТО, неговата главна улога е со консензус да му обезбеди на Северноатлантскиот совет воени совети за начинот на кој Алијансата најдобро може да се справи со глобалните безбедносни предизвици.

Пред почетокот на активностите, делегацијата на Армијата предводена од началникот на Генералштабот, оствари средба со амбасадорот на Република Северна Македонија во Кралството Данска, Фадил Зендели.