Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Македонија

На власта и е тешко да си посегне во џебот и да си скрати од 80% зголемени плати, се правда: Требало седум закони да се менуваат

Земаа од компаниите со образаложение да има за граѓаните, ама од нивниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земаа од компаниите со образаложение да има за граѓаните, ама од нивниот џеб не им се дава. Функционерските плати кои неодамна пораснаа за 78%, никако да се намалат. Уште на 17 октомври, Владата требаше да претстави ново законско решение за намалување на платите. Барем според тогашните ветувања на вицепремиерот за економски прашања.

Минатата недела Владата не задолжи, работна група од 4 министри, кои што утре треба да дадеме законско решение за Законот за плати на избрани и именувани лица – рече Битиќи на 16.10.2023.

Три недели подоцна, вицепремиерот ретерира. Со еден закон не можеле да се опфатат сите 1.260 функционери па биле потребни седум законски измени. Ако истите се направат наеднаш, според Фатмир Битиќи, би било противуставно. Тој сега пак уверува, дека работната група ги разгледувала сите можности, и набргу ќе имало предлог пред Влада. Кога – не кажува точно. Според уверувањата на вицепремиерот, новото покачување за околу 400 евра од нова година нема да се случи.

Реклама

„Измената во еден закон значи дерогирање на одредени права од друг закон што е противуставно. Работната група го разгледува тоа и набргу ќе има предлог за пред Владата, а потоа да биде проследен и до Собранието. Тоа што беше најавено помпезно дека ќе има зголемување, нема да се случи. Беше најавено дека заради методологијата сите функционери ќе добијат повисоки плати, но тоа нема да се случи в година и го нема“, рече денес Битиќи.

На функционерите тешко им оди да дадат дел од своите пари за граѓаните, ама кога се работи за туѓ џеб, очигледно не е проблем. Парите собрани од солидарниот данок можно е да бидат само пари дадени на вересија, бидејќи ако ова решение падне пред уставен, парите ќе мора да се вратат на компаниите.

„До моментов има законска обврска за плаќање на солидарниот данок. Средствата ќе се користат за антикризни мерки што ќе бидат познати наредните денови. Ако евентуално има таква одлука, има доволно средства во буџетот, но првенствено намерата е за антикризни мерки. Ако има таква одлука ќе треба да се земат пари од граѓаните да се вратат на компаниите што нема да се случи“, додаде Битиќи.

Средствата од наплатата на солидарниот данок на екстра профит кој го плаќаат големите компании, треба да бидат искористени за антикризни мерки за Буџетот во 2024 година. Власта планираше да собере 80 милиони евра, но собра помалку од 40.

Адријана Алексиеска