Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

На штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ почна ACE²-EU Flavour School – интензивен меѓународен курс

На Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип од денеска официјално започна ACE²-EU Flavour School – интензивен меѓународен курс кој обединува студенти од повеќе европски држави во рамки на европската универзитетска алијанса ACE2EU @ace2eu, а во која членуваат девет европски универзитети, меѓу кои и УГД-Штип. -Во текот на следните денови, учесниците ќе работат во интернационална средина […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип од денеска официјално започна ACE²-EU Flavour School – интензивен меѓународен курс кој обединува студенти од повеќе европски држави во рамки на европската универзитетска алијанса ACE2EU @ace2eu, а во која членуваат девет европски универзитети, меѓу кои и УГД-Штип.

-Во текот на следните денови, учесниците ќе работат во интернационална средина преку предавања, работилници, тимска работа и размена на искуства со колеги од различни земји и култури. Flavour Schools претставуваат кратки, интензивни програми кои ги поврзуваат студентите од универзитетите членки на алијансата околу актуелни општествени, економски и европски предизвици, сооштија од УГД-Штип. 

Овој интензивен меѓународен курс за 20 студенти од девет европски универзитети ќе трае до петок, а предвидува и посета на Стопанската комора на македонија, неколку македонски институции и банки.  ACE²-EU е европска универзитетска алијанса која поврзува девет високообразовни институции од различни држави, со цел да поттикне иновации, мобилност, меѓународна соработка и создавање на заеднички европски академски простор.