Реклама

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Македонија

На поранешната претседателка на ДКСК ќе ѝ се суди одделно за „Адитив“

Судечкиот совет во Кривичниот суд денеска го одби предлогот на Обвинителството за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судечкиот совет во Кривичниот суд денеска го одби предлогот на Обвинителството за спојување на постапките во случајот „Адитив“, кој се однесува на злоупотреби во државната компанија „ЕСМ“ и фиктивни тендери вредни милиони евра. Според судот, спојувањето би довело до непотребно одолговлекување и би ги ставило обвинетите во потешка положба.

Согласно одлуката, случајот „Адитив“ сега ќе се води преку две одвоени постапки.

Првиот предмет опфаќа над 30 физички и правни лица, меѓу кои и поранешни директори и функционери, обвинети за злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, перење пари и оддавање службена тајна.

Реклама

Вториот предмет, во кој е и поранешната претседателка на Антикорупциската комисија – Татјана Димитровска, е оформен како продолжение на истрагата за кривично дело „оддавање службена тајна“.

Одлучувајќи по предлогот на Обвинителството за спојување на постапките, судот оцени дека предметите се со различен број на обвинети и степен на подготвеност, што не дозволува нивно спојување без да се наруши економичноста и правата на обвинетите.