Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани

На граничниот премин „Блато“ на македонско – албанската граница кај Дебар, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На граничниот премин „Блато“ на македонско – албанската граница кај Дебар, во првите четири месеци од годинава минале вкупно 496.705 патници, што е за 49 отсто поголема бројка, споредено со истиот период минатата година.

– Протокот на патници на овој премин е во постојан раст. Во периодот јануари – април минале 496.705 патници, наспроти  333.640 истиот период минатата година, што е  зголемување за околу  49 отсто. Највисока фреквенција е забележана во месец април 135.508 патници наспроти 106.712 во април минатата година. На преминот работат три шалтери и се функционира во најдобар ред, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи.

Според официјалната статистика, во јануари минале 120.797 патници наспроти 79.701 истиот месец лани, во февруари 114.629 наспроти 70.101 и во март 125.771 наспроти 77.126 патници истиот месец минатата година.

Реклама

На зголемената фреквенција, освен подобрената патна инфраструктура од двете страни на границата, за патување и посети на граѓаните од двете земји, влијание има и фактот што албанските граѓани од пограничниот регион, Округ  Пешкопеја, масовно доаѓаат во Дебар за набавка на гориво и прехранбени продукти.