Реклама

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Македонија

На ГП „Џепиште“ кај Дебар за четири месеци минале 14.918 патници

На граничниот премин „Џепиште“, што е втор премин на македонско – албанската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На граничниот премин „Џепиште“, што е втор премин на македонско – албанската граница, кај Дебар, во првите четири месеци годинава, се регистрирани 14.918 патници, забележувајќи благ раст, споредено со истиот период минатата година.

– Во периодот јануари-април на овој премин се регистрирани 14.918 патници што е за 1% повеќе споредено со истиот период лани, кога минале 14.708 патници. Овој премин е од локален карактер, што подразбира дека право да го користат имаат само жителите од граничниот регион, на двете држави, рече Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Најголем проток е забележан во месец јануари или 4.678, наспроти  4.067 патници во јануари минатата година, потоа во март 3.880 (3.896), февруари 3.183 (2.910) и април 3.177 (3.835) патници.

Реклама

Бидејќи е од локален карактер, тој во летниот период, односно од први април до 31 октомври, работи од 8 до 20 часот, додека од 1 ноември до 31 март, од 8 до 18 часот.

Преку преминот може да минуваат жителите од подрачјето на општина Дебар и од областа Голо Брдо, од албанска страна. Од вкупната бројка над 80 отсто се странски државјани – жители од Голо Брдо. 

Поради близината на Дебар и подобрата патна инфраструктура, жителите од оваа област патуваат во Дебар за набавка на прехранбени и други производи, гориво, за добивање одредена здравствена услуга, но и потребни лекарства.