Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

На Џафери 8 мај не „му лежи“ како датум за одржување на претседателски и парламентарни избори

Првиот круг претседателските избори најрано може да се одржи на 14 март,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот круг претседателските избори најрано може да се одржи на 14 март, а вториот на 28 март. Според роковникот, инаугурацијата на претседателот на државата треба да биде на 12 мај 2024 година, кога истекува мандатот на актуелниот шеф на државата. Според тоа, најдоцна до 5, односно 8 мај треба да се одржи вториот круг претседателски избори.

Претседателот на Собранието, Џафери вели дека овој датум е цајтнот бидејќи остава мал простор за евентуални жалби и прегласувања. Џафери ги повика пратениците да формираат работна група, и најдоцна до нова година да постигнат консензус датумите за двата изборни процеси.

Немам намера никого да повикувам, а тие треба да бидат одговорни за ова прашање и да ме информираат. Најрано претседателските избори може да се одржат на 14 март, а најдоцна на 8 мај. Но 8 мај е цајтнот, бидејќи инаугурацијата на претседателот на државата треба да биде на 12 мај. Ако вториот круг од претседателските биде на 8 мај, можно е да останеме без претседател на државата ако има жалбени постапки, односно ако има прегласување на неколку гласачки места кои би влијаеле на резултатот на изборите. Ако се остави на мене јас секако не би одлучил вториот круг од претседателските избори да биде на 8 мај. Ако така одлучат партиите, ќе го почитувам тоа, но нивна ќе биде одговорноста ако евентуално не се избере претседател на државата – вели Џафери.

Реклама

Парламентарните избори треба да се одржат во последните 90 дена од мандатот на пратениците, кој завршува на 4 август. Тие најрано би биле на 5 мај, а најдоцна на 15 јули, за да се остави простор за првата конститутивна седница – најдоцна 20 дена од гласањето.

Во меѓувреме, опозициските Беса и Алтернатива, поднеле барање за оглас за член на Државната изборна комисија. Седмото место во ДИК е празно откако Кренар Лога, премина во власт, и стана министер за правда. Сега е на ред комплетирање на Комисијата, за да може да ги подготви изборите.

Џафери информираше и за новиот Деловник, кој најверојатно ќе се гласа на 2 ноември. Утре почнува расправата по поднесените амандмани. Истиот ќе стапи на сила на конститутивната седница на следниот парламентарен состав.

Во врска со уставните измени, Џафери рече дека ништо не е сменето. Кога ќе има мнозинство за гласање, ќе ја закаже седницата.

Адријана Алексиеска