Реклама
Македонија

🎥 На 24-тата годишнина од масакрот кај Карпалак, Прилеп достојно им се оддолжува на десетмината свои сограѓани и македонски херои

8-ми август 2025-та. Денеска се навршуваат 24 години од крвавиот масакар кај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

8-ми август 2025-та. Денеска се навршуваат 24 години од крвавиот масакар кај Карпалак во конфликтната 2001 година, кога градот-херој во само еден кобен миг загуби дури 10 свои сограѓани, припадници на резервниот состав на АРМ, кукавички убиени во заседата од терористите на ОНА. Болката, тагата, солзите и мноштвото неодговорени прашања, се’ уште лебдеат над Прилеп, исто како и пред две и пол децении, кога во тоа кобно августовско, пеколно утро, овие одважници тргнаа на своето последно патување за да ја бранат својата татковина и за никогаш повеќе да не се вратат дома. Прилеп и денеска простуми, тагува и оддава почит пред паметникот во центарот од градот, посветен на Нане, Бране, Сашо, Дарко, Љубе, Пеце, Горан, Марко, Ердован и Веби.

„Тие беа луѓе како сите нас, со семејства, со соништа, со иднина пред себе. Но, одлучија да застанат на браникот на татковината тогаш кога тоа беше најтешко. И таа одлукла ги направи бесмртни. На 8 август 2001 година, во тоа утро обвиено со трагедија, Прилеп остана без 10 свои синови. Кај Карпалак беа кукавички нападнати додека ја исполнуваа својата должност – да ја чуваат слободата и мирот на Репубила Македонија. Тоа не беше напад само врз нив, туку напад врз иднината, врз достоинството на секој граѓанин кој верува во слобода и мир“, – рече Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Саможртвата на десттемина македонски херои не беше заборавена и од државата. Венци и свежо цвеќе во знак на присет и длабока почит, како македонски завет за никогаш повеќе да не се повтори ваквото крвопролевање, положија семејствата на загинатите, бројни државни и партиски делегации, и секако – соборците на заганитати, чиј вкупен број во нападниот конвој изнесуваше 115 бранители, од кои, многумина починаа отпосле од посттрауматски воени последици.

Реклама

Овој ден е силно врежан во моите мисли, кога заедно со повеќе од 100 резервисти бевме сведоци на ужасот кој им го одзеде животот на моите соборци, кои загинаа во одбрана на нашата татковина. Овие луѓе се големи херои на Македонија, но тие беа и наши сограѓани, нашите соборци, нашите синови, татковци, сопрузи…Тие беа подготвени и ја дадоа најголемата жртва за нашата татковина, нешто што никој од нас не смее и не може да го заборави“, – кажа Марјан Ристески, поранешен бранител и зам.министер за економија.

Чествувањата по повод оваа трагична годишнина, традиционално започнаа уште синоќа со полагањето венци на Споменикот подигнат во нивна чест во кругот од Касарната „Мирче Ацев“, местото од каде што тргнаа на своето последно патување. А беа отслужени и свети литургии за покој на нивните души во црквата во с. Лениште, како и во божјиот храм „Св. Петка“ во Прилеп, кој исто така беше изграден во нивни спомен во годините после нивната херојска погибија на 8 август 2001 година. Утринава пак, венци беа положени и на местото на погибијата кај месноста Карпалак.