Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Свет

Најмалку 39 загинати во судир на два брзи воза во Шпанија

Најмалку 39 луѓе загинаа во јужна Шпанија откако брз воз излетал од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку 39 луѓе загинаа во јужна Шпанија откако брз воз излетал од шините и се судрил со друг воз што доаѓал од спротивната насока. Повеќе од 150 патници се повредени, петмина се во критична состојба, а 24 се многу тешко повредени.

    Несреќата се случила синоќа во близина на Адамуз, во покраината Кордоба, околу 360 километри од Мадрид. Во возот што прв излетал од шините имало вкупно 294 патници, четворица членови на екипажот и машиновозачот.

    Причината за несреќата сè уште не е позната, изјави шпанскиот министер за транспорт. Претседателот на шпанската железничка компанија изјави дека човечката грешка речиси целосно е исклучена како причина за несреќата. Тој нагласи дека современите системи за безбедност се дизајнирани автоматски да интервенираат доколку машиновозачот направи грешка.

    Реклама

    Се очекува, по анализата на таканаречените „црни кутии“, да се откријат причините што доведоа до една од најтешките железнички несреќи во последно време.