Реклама

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Свет

Најмалку 16 лица, од кои 10 се ученици се повредени во пукање во училиште во Турција, напаѓачот се самоубил

Најмалку 16 лица, меѓу кои и ученици, се ранети во пукање во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку 16 лица, меѓу кои и ученици, се ранети во пукање во училиште во турскиот град Сиверек, југоисточна Турција. Напаѓачот, 19-годишник поранешен ученик кој до 9-то одделение учел во училиштето, на крајот се самоубил кога полицијата интервенирала. Рано утрото влегол во училишната зграда и почнал неселективно да пука во кого и да налетал. Гувернерот на Шанлиурфа, областа каде што е училиштето, за турските медиуми изјави дека во тек е истрага за мотивот на грозоморниот напад. – Повредени се 16 лица. Од нив, четворица се наставници, 10 се ученици, еден е полицаец и еден е оператор во менза. За среќа, нема жртви“, вели гувернерот. Тој сподели и детали за идентитетот и образовната заднина на лицето што го извршило делото. 19-годишниот напаѓач бил притиснат во училиштето од полицискиот кордон, и кога сфатил дека ќе биде фатен, си го одзел животот со оружјето со кое што пукал. Според проценката на ризикот, училиштето не било на високо ниво на ризик и затоа било без постојано присуство на полиција.