Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Најбарани професии лани во ЕУ биле во продажба, маркетинг и производство

Највисока стапка на слободни работни места во ЕУ лани е регистрирана кај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Највисока стапка на слободни работни места во ЕУ лани е регистрирана кај менаџерите за продажба, маркетинг и развој, со 8,4%. Ова значи дека оваа професија имала најголема незадоволена побарувачка за работна сила, што укажува на можни тешкотии при регрутирање персонал.

Овие бројки се делумно составени со користење на нов извор на податоци за онлајн огласи за работа (OJA) и затоа се објавени како експериментална статистика на Евростат.

Следните занимања со највисоки стапки на слободни работни места биле работници во производството и други помошни работници во канцеларии (7,3% секое), други работници во продажба (6,1%) и уметнички, културни и кулинарски соработници (6,0%).

Реклама

Околу 5,8% од непополнетите работни места биле работници во транспорт и магацини, 5,7 % менаџери за малопродажба и големопродажба, 5,4% агенти за бизнис и услуги, 5,2% оператоти на постројки и машини и 5% инженерски професионалци, со исклучок на електротехнологија.

Од Евростат, укажуваат дека иако занимањата во јавниот сектор, како што се здравствените работници и наставниците, исто така може да се соочат со тешкотии при регрутирање, тие имаат помала веројатност да бидат рекламирани онлајн, што значи дека се рангираат пониско или не се прикажани во овие податоци. Од друга страна, ИТ професиите може да бидат премногу застапени во податоците за онлајн огласите за работа.