Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

МЖСПП: Неделните извештаи на ДИЖС ќе продолжат да се објавуваат, Министерството се залага за транспарентност

Министерството за животна средина и просторно планирање останува доследно на определбата за поголема транспарентност и навремено информирање на јавноста за состојбите во животната средина. Редовното објавување на информациите за извршените инспекциски надзори претставува важен инструмент за информирање на граѓаните и за јакнење на довербата во институциите. Оттука, неделните извештаи на Државниот инспекторат за животна средина […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за животна средина и просторно планирање останува доследно на определбата за поголема транспарентност и навремено информирање на јавноста за состојбите во животната средина.

Редовното објавување на информациите за извршените инспекциски надзори претставува важен инструмент за информирање на граѓаните и за јакнење на довербата во институциите. Оттука, неделните извештаи на Државниот инспекторат за животна средина ќе продолжат да се објавуваат, иако за тоа не постои експлицитна законска обврска.

Нашиот пристап е јасен – кога станува збор за информации од јавен интерес, особено во областа на загадувањето и заштитата на животната средина, стандардот треба да биде поголема, а не помала достапност на информации за граѓаните.

Реклама

Во истата насока е и активноста за воспоставување Регистар на загадувачи. Во тек е подготовка на потребните технички решенија, а ќе бидат иницирани и соодветни законски измени за да се обезбеди негово целосно функционирање и јавна достапност.

Целта е граѓаните да имаат повеќе информации, полесен пристап до податоци и поголема можност да ги следат состојбите и постапувањето на институциите. Тоа е обврска што произлегува и од нашите реформски заложби и од европските стандарди за транспарентност.