Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

МВР: Во последното деноноќие лишени од слобода две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие лишени од слобода…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие лишени од слобода се две лица, а поднесени биле вкупно четири пријави за семејно насилство.

Како што посочуваат од МВР, синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје 47-годишна жена пријавила дека околу 16:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Центар нејзиниот партнер А.Б.(47) физички ја нападнал неа и нејзиното куче и упатувал закани кон неа и нејзиниот син. Потоа и побарал пари и таа од страв му дала пари кои и биле во паричникот.

Во вториот случај, како што наведуваат од Министерството, синоќа во 21:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода З.Б.П.(33) од Велес. Според пријавеното, таа во домот физички го нападнала нејзиниот 32-годишен сопруг, а подоцна со нејзиното патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки на улица „Благој Ѓорев“ во Велес учествувала во сообраќајна незгода со патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.В.(69) од Велес. Од МВР соопштија дека во несреќата таа се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта. Таа била задржана во полициска станица и известен бил јавен обвинител.

Реклама

Во ОВР Крива Паланка, 50-годишна жена од Крива Паланка вчера пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Ј. кој употребил и тврд предмет.

Ноќеска, 10 минути по полноќ, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(34) од село Романовце, кумановско, затоа што подолг временски период ја следел и вознемирувал неговата 27-годишна поранешна партнерка. Тој бил приведен во полициска станица.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и најавуваат оти по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.