Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нема намера да соработува со некој што е близок со ДУИ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во последното интервју…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во последното интервју истакна дека доколку Арбен Таравари има намера да соработува со ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со него, притоа посочи дека Владата е стабилна и работи транспарентно и посветено на реформите во Македонија.

„Владата е стабилна, владиното мнозинство е стабилно, Владата работи посветено на реформи, јас тоа го кажав и пред неколку недели, дека доколку господинот Таравари одлучи да работи со ДУИ, тогаш не може да соработува и со ВМРО-ДПМНЕ, ние како политички субјект не сме подготвени да имаме соработка со некој којшто има за цел понатаму да дејствува политички во координација со ДУИ, барем до момент дури ДУИ не се реформира, а ДУИ во моментот е далеку од реформиран политички субјект“, вели Муцунски.

Министерот Муцунски потенцираше дека токму ДУИ е виновникот за нарушените позиции во надворешната политика, па со оглед на тоа, истакна дека таков политички субјект не може да биде парнер со ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

„ДУИ е виновникот за голем дел од овие нарушени позиции меѓу другото и во надворешната политика, заради тоа што да се вршат криминални активности, се воделе попустливи надворешни политики, и во таа смисла некој што ги нарушувал стратешките позиции на државата, некој што си дозволил да води таква безобразна и бахата внатрешна политика, не може да биде партнер со ВМРО-ДПМНЕ и некој што е партнер со таков субјект, исто така не може да биде партнер со ВМРО-ДПМНЕ, рече Муцунски.

Тој продолжи и додаде дека јавноста ја препознава вистинската и чесна намера на Владата, во спроведувањето на реформите.

„Тоа што верувам дека граѓаните го чувствуваат е чесна намера за реформи, реформи насочени кон подобра иднина на државата. А со оглед на јавните настапи на Таравари, изгледа дека е одлучен да настапува заедно со ДУИ, што значи за таков субјект кој соработува со ДУИ, неможе ВМРО-ДПМНЕ да соработува со него“, заклучи Муцунски.