Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Муцунски од Загреб: Европа мора да направи исчекор кон проширување

Време е Европа не само да се разбуди, туку и да направи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Време е Европа не само да се разбуди, туку и да направи исчекор во насока на проширување на Унијата. Потребно е помалку да се зборува за историјата, а повеќе за иднината, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во обраќањето на форумот организиран од Интернационалната демократска унија (International Democracy Union – IDU) што се одржа во Загреб, Хрватска.

Форумите на Интернационалната демократска унија, како што соопшти МНРиНТ,  обединуваат носители на политики, високи партиски претставници и мисловни лидери од глобалното членство и пошироко, овозможувајќи отворена размена на идеи и интензивни дебати меѓу партнери кои ги споделуваат вредностите на слободата и демократијата.

Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека државата презема конкретни чекори и испорачува резултати и на домашен и на меѓународен план.

Реклама

Тој потенцираше дека не го прифаќа наративот на жртва, иако, како што посочи, државата во континуитет се соочува со процес на билатерализација, изразувајќи очекување дека со формирањето на бугарската влада ќе се создаде нов импулс за придвижување напред.

Во однос на европската интеграција, министерот нагласи дека поддршката од одделни земји членки е значајна, но дека е потребен усогласен пристап од сите држави членки на Европската Унија.

Тој посочи дека очекува таквиот пристап да биде заеднички и координиран, наведувајќи ја Хрватска како принципиелен поддржувач на процесот.

Осврнувајќи се на геополитичките предизвици, министерот Муцунски истакна дека во услови на геополитичка нестабилност, време е Европа не само да се разбуди, туку и да направи исчекор во насока на проширување на Унијата. Воедно, тој потенцираше дека е потребно помалку да се зборува за историјата, а повеќе за иднината.

Министерот нагласи дека не е можен индивидуален одговор на големите кризи кои влијаат врз сите, туку дека е неопходен заеднички пристап. Во таа насока, тој ја истакна потребата од диверзификација на енергетските извори, инвестиции во гасни интерконектори и инфраструктура, како и спротивставување на штетните влијанија од трети страни.