Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Муцунски: Македонија ја поддржува иницјативата за формирање суд за воени злосторства за Украина

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски информира дека Македонија веќе подолг период…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски информира дека Македонија веќе подолг период е дел од иницијативата за формирање суд за воени злосторства за Украина. Во изјавата од Шведска, каде беше во дводневна посета, Муцунски рече дека нашата држава станува дел од тој процес бидејќи се залага за почитување на меѓународното јавно и хуманитарно право.

-Принципиелно ја поддржуваме таа иницијатива, принципиелно ги поддржуваме сите иницијативи коишто се насочени кон афирмација на меѓународното јавно право и сите овие чекори ги преземаме во кординација со сите наши стратешки партнери, изјави Муцунски.

Рече дека времето ќе покаже дали оваа иницијатива ќе успее во своите цели, но, оцени дека тоа е вистински чекор којшто треба да се направи во актуелниот геополитички контекст. За време на работната посета на Шведска, Муцунски изјави дека носењето одлуки е координирано со сите стратешки партнери.

Реклама

-Политиката некогаш знае да биде помоќна од правото, но тоа не значи дека ние како држава не треба конзистетно да стоиме зад принципите коишто ги застапуваме, кажа министерот за надворешни работи.

Европската комисија, Советот на Европа и претставниците на меѓународна коалиција на држави што учествуваа на вчерашниот министерски состанок во Лавов, меѓу кои беше и земјава, формално се согласија да поддржат формирање на Специјален трибунал за злосторството агресија врз Украина, соопшти Еврокомисијата. Според високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, ваквата согласност претставува решителен чекор кон обезбедување правда за Украина.

Советот на Европа треба да воспостави потребната рамка за основање на Специјалниот трибунал, а по неговото формирање украинските национални власти ќе можат да ги пренасочат тековните домашни истраги и гонења поврзани со кривичното дело агресија до Обвинителството на овој Суд.

Доказите собрани во текот на работа на Меѓународниот центар за гонење на кривичното дело агресија (ICPA), што функционира во рамките на Eurojust, по потреба, исто така, ќе бидат доставени до Обвинителството на Специјалниот суд.

Групата држави – која ги опфаќа земјите членки на ЕУ, како и други држави меѓу кои Канада, Јапонија, Австралија, Костарика и Норвешка – сега планира формално да побара од Советот на Европа да склучи договор за основање на трибуналот што е можно поскоро. Пресудите ќе може да бидат донесувани и во отсуство на обвинетите – бидејќи е малку веројатно, на пример, дека рускиот претседател Владимир Путин ќе биде суден лично.

Трибуналот ќе има 15 судии, секој избран на мандат од девет години. Според проценките на ЕУ, вкупните трошоци ќе изнесуваат 1 милијарда евра.