Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Муцунски: И покрај сите геополитички предизвици, надворешната политика на државата е највисоко оцената во Извештајот на Европската унија

Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, говореше за постигнувањата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, говореше за постигнувањата во областа на надворешната политика – позитивно оценети во последниот извештај на Европската комисија, за неодамнешната средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, како и за Самитот за проширување на Европската унија.

Коментирајќи го извештајот за напредокот на државата кон Европската унија, министерот Муцунски истакна дека токму во него работата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е највисоко оценета.

„Надворешната политика и регионалната соработка беа највисоко оценети. Добивме пофалби за усогласеноста со Заедничката надворешна и безбедносна политика, како и за историското партнерство во областа на одбраната и безбедноста. Во еден сложен геополитички период, кога трансатлантските односи не се какви што беа и во услови на конфликти на повеќе места во светот, надворешната политика е највисоко позиционирана низ призмата на вредностите што ги цени Европската унија, задржувајќи го истовремено стратешкото партнерство со САД,“ истакна Муцунски.

Реклама

Осврнувајќи се на забелешките во извештајот поврзани со владеењето на правото, министерот нагласи дека Владата во следниот период ќе направи сè што е потребно за да се елиминираат сите слабости, по што ќе се очекува соодветно постапување од правосудните институции.

Во гостувањето, Муцунски испрати порака до опозицијата дека е потребно обединување со Владата за создавање национален консензус по клучните државни прашања.

„Наместо голи критики кои не се реални и објективни, дајте да видиме што можеме да направиме заедно за да се движиме напред,“ порача тој.

Говорејќи за евроинтеграциите, министерот нагласи дека фокусот на државата во и во иднина ќе биде насочен кон исполнување на тековните обврски, со цел да се искористи интересот на Европската унија за проширување и сите механизми кои овозможуваат постепено интегрирање на земјите-кандидати.

„Во моментов сме во процес на потпишување на таканаречениот протокол за ослободување од роаминг услуги, што подразбира измени на неколку законски и подзаконски акти, на кои се работи ревносно. Очекувам процесот да заврши до крајот на годината, а во првата половина на 2026 граѓаните да го почувствуваат бенефитот од бесплатниот роаминг,“ изјави Муцунски.

Осврнувајќи се на идните чекори во процесот на пристапување кон Унијата, министерот изрази очекување дека ќе се најде начин да се обезбеди предвидливост и континуитет во европските интеграции.

Коментирајќи го Самитот за проширување на Европската унија, што во организација на телевизиската мрежа Еуроњуз се одржа во Брисел, Муцунски нагласи дека најважната порака од овој настан е дека геополитичкиот контекст ја обврзува Европската унија да го гледа процесот на проширување како процес на унификација на Европа, кој покрај економско има и безбедносно значење.

Во контекст на односите со Бугарија, министерот истакна дека за натамошниот процес на интеграција е потребно кредибилно и одржливо решение, кое – и покрај сите претходни отстапки направени од политичките претходници – нема да биде решение „по секоја цена“, како тие претходно кои ја вратија државата во положба, во која се наоѓала пред две децении.