Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Муцунски-Рокас: Потврден заедничкиот интерес за поддршка на реформите и доследна примена на европските вредности и стандарди

Европската интеграција на земјата, реформската агенда и Планот за раст за Западен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската интеграција на земјата, реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан – процеси и инструменти кои директно влијаат врз економскиот развој и квалитетот на животот на граѓаните – биле во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и евроамбасадорот Михалис Рокас.

-Попладнево во Скопје остварив средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадор Михалис Рокас. Го потврдивме заедничкиот интерес за натамошна поддршка на реформските процеси, јакнење на институционалните капацитети и доследна примена на европските вредности и стандарди – напиша Муцунски на својот Фејсбук профил.

Истакнувајќи ја јасната посветеност на Владата на овој процес, додава Муцунски, уште еднаш нагласив дека полноправното членство во Европската Унија останува наша стратешка определба.

Реклама

-Изразив задоволство од редовниот и отворен политички дијалог со Европската Унија, како и од континуираната поддршка за реформските процеси во земјата – наведува Муцунски, додавајќи дека со евроамбасадорот размениле мислења и за актуелните случувања на европскиот континент, регионалната стабилност и придонесот на земјата кон пошироката европска безбедност.