Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Македонија

Муцунски:Ковачев потврди дека власта на СДСМ не ја говорела вистината за „македонски јазик“

Бугарија отворено кажува дека исфрлањето на терминот „македонски јазик“ и воведување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија отворено кажува дека исфрлањето на терминот „македонски јазик“ и воведување на нов термин „службен јазик на Република Северна Македонија“ е условот за да ја поддржи евроинтеграцијата на Македонија. Европратеникот Андреј Ковачев член на владеачката партија ГЕРБ, во интервју за порталот МКД.мк потенцира дека Македонија нема да биде помалку ценета и почитувана членка на ЕУ и НАТО ако ја признае историската реалност, односно дека Гоце Делчев, Иван Татарчев, Даме Груев се етнички Бугари. Ковачев никаде не ја употребува фразата „македонски јазик“, зошто ако власта тврдеше дека ова идентитетско обележје е бетонирано?

– Но во ЕУ ќе може да влезете само откако ќе ги решиме сите историски отворени прашања. Нема што да спориме за тоа кој бил Гоце Делчев, Даме Груев, Христо Татарчев… Вашиот современ македонски идентитет лежи на бугарската национална историја. Тоа мора да се реши. За тоа нема никакви дилеми меѓу бугарските политички партии, во бугарското општество воопшто. Затоа е многу битно заедничката експертска комисија што е можно побрзо да си ја заврши работата – вели Ковачев.

Опозициската партија како реакција на интервјуто на Ковачев, денеска посочи дека тие како идна власт во Македонија ќе се фокусира кон евроинтеграциите на земјата, но со фокус на заштита на идентитетот и поддршка на маедонското малцнство кое живее надов од Макеоднија.

Реклама

– Тоа ќе го направиме во согласност со меѓународните норми, принципи и стандарди на принципиелна основа, по примерот на најразвиените демократски држави во Европа и во светот. Истовремено ќе работиме и во насока на дополнително афирмирање на нашата татковина Република Македонија и на заштитата на трговските марки и македонските производи. – рече Тимчо Муцунски Секретар за меѓународна политика на ВМРО ДПМНЕ.

Изјавата на Ковачев доаѓа откако потпретседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Александра Николовски обелодени документ, објавен на веб страницата на Австрискиот парламент, каде се наведени дополнителни услови и пречки за Макеоднија поврзани со првата меѓувладина конференција , за отварање на пристапните преговори за членство во ЕУ. Николовски го обвини шефот на дипломатијата Никола Димитров и власта на СДСМ, дека кријат документ со кој Бугарија бара Македонија да се откаже од македонското малцинство и од македонскиот јазик.

Позицијата на Бугарија е јасна, земјата секогаш директно кажуваше што треба Македонија да направи за да добие поддршка од Софија за членство во ЕУ. Не случајно во заклучоците од Советот на Европа од 24 март се наведува дека добрососедските односи и исполнувањето на договорите со Бугарија и Грција се критериуми што ќе се следат во текот на преговорите.

 

Катерина Гетева