Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Мора многу да се вложува во армиските капациети и во стручниот, професионален кадар, смета Мисајловски

Министерот за одбрана Владо Мисајловски смета дека мора многу да се вложува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана Владо Мисајловски смета дека мора многу да се вложува во армиските капациети. Треба да се обнови инфраструктурата, но неопходен е и стручен, квалификуван кадар – пилоти, техничари, механичари, доктори.

Како што рече вечерва, потребно е инвестирање во нова технологија и модернизација на Армијата.

Најави и обуки за новите хеликоптери, како и обуки на вработени во Министерството во други земји.

Реклама

-Мора да ја обновиме инфраструктурата. Многу касарни порано беа дадени на општините и дел од тие се продадени, земјиштето е продадено. Тие капацитети ги нема. Се размислува за обука на пилоти, но потребни се и доктори, техничари, механичари, секаков квалитетен кадар. Ќе се распишуваат различни позиции, а секој што ќе се пронајде е добредојден. Најпрофесионалните луѓе се во Армијата, од нив може да се научи премногу, тие може да ги насочат младите на дисциплина, на здрав живот. Ќе има нов, свеж кадар и во Министерството, ги повикувам сите да следат, да се пријават, ќе се подобруваат условите, платите. Постојано ќе разговараме за подобри услови, рече Мисајловски на Алфа ТВ.

Министерот потсети каква состојба наследил кога дошол на функцијата, нагласувајќи дека максимално посветено работи за подобрување на состојбите во Министерството и Армијата.