Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

МОН објави повици за кариерно напредување на наставниците и првпат на стручните соработници

Министерството за образование и наука вчера објави два јавни повика до наставниците и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука вчера објави два јавни повика до наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта за доставување барања за кариерно напредување. Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека е многу важно што првпат огласот се однесува и за унапредување на стручните соработници.

-Тоа досега не беше вообичаено. Значи, во основното образованиеќе напредуваат наставници во ментори, веќе избраните ментори во советници, а стручните соработници првпат во ментори. Во  средното образованиепрвпат ќе има кариерно напредување, ќе има и за наставниците, и за стручните соработници, унапредување во ментори. Јас сум среќна што го откочивме овој процес, благодарение на разбирање на Владата која овозможи средства за вакво нешто, се разбира, но и поради вниманието која оваа Влада го посветува на наставниците и стручните соработници, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по увид во градежните работи за реконструкција на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје.

Како што рече, и во минатото „можеле тоа да го прават, но имаше само еден единствен повик за седум години“.

Реклама

-Ние го откочуваме овој процес и ќе го правиме регуларно така како што е предвидено со закон. Во основно образование ќе има напредување на 149 ментори во советници и на 138 стручни соработници, првпат во ментори. Во средно образование ќе имаме 88 ментори и 65 стручни соработници. Конкурсот е отворен, им пожелувам успех на сите коишто ќе се пријават, рече Јаневска.