Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Македонија

МОН и ОБСЕ со обука за наставници за креирање инклузивна и поддржувачка училишна средина

Министерството за образование и наука во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје доделија сертификати на 50 наставници од основните училишта кои учествуваа на работилница за унапредување на интеркултурното образование и училиштната кохезија, насочена кон креирање инклузивна и поддржувачка училишна средина. Како што соопштуваат од Министерството за образование и наука, работилницата овозможи наставниците да стекнат […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје доделија сертификати на 50 наставници од основните училишта кои учествуваа на работилница за унапредување на интеркултурното образование и училиштната кохезија, насочена кон креирање инклузивна и поддржувачка училишна средина.

Како што соопштуваат од Министерството за образование и наука, работилницата овозможи наставниците да стекнат нови практични алатки за поттикнување заедништво, почитување на различностите и позитивни односи меѓу учениците.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во своето обраќање истакна дека образованието има клучна улога во градењето доверба и соживот.

Реклама

– Со надградувањето на овие ваши вештини, вие директно придонесувате за развој на емоционалната интелигенција кај учениците, што е особено важно во времето и околностите во кои живееме, како и за јакнење на критичкото мислење и интеркултурните компетенции. Со тоа, им помагате на учениците и нивните семејства да се препознаат како дел од една заедничка приказна на напредок и иновативност – рече Јаневска.

Таа нагласи дека Министерството, заедно со ОБСЕ, реализира повеќе активности за зајакнување на интегрираното образование, што веќе даваат конкретни резултати.

– Оваа година, како резултат на програмската поддршка на ОБСЕ и посветената работа на Комисијата, грантовата шема за меѓуетничка интеграција е дополнително зајакната. Воведени се јасни тематски подрачја за заеднички активности, а износот на грантовите е зголемен двојно. Како резултат на тоа, добивме многу поквалитетни и поодржливи иницијативи кои ги обединуваат младите. Доделивме вкупно 57 грантови – 39 за основни и 18 за средни училишта – истакна Јаневска.

Амбасадорот Килијан Вал ја потенцираше улогата на наставниците во градењето безбедна и инклузивна училишна средина.

– Вашата улога како наставници оди далеку подалеку од пренесувањето знаења. Вие создавате училишни средини во кои се негуваат почитта, соработката и разноликоста. Преку новите знаења и практични алатки за работа со ученици од различни средини, вие сте уште подобро подготвени да создавате училишта во кои секој ученик се чувствува прифатен, почитуван и безбеден – рече Вал.

Тој додаде дека вложувањето во професионалниот развој на наставниците е клучно за подобрување на квалитетот на образованието и зајакнување на општествената кохезија.

Обуката, како што додаваат од МОН, им помогна на наставниците да развијат практични пристапи за поттикнување дијалог, решавање конфликти и градење позитивни односи меѓу учениците во училницата.