Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

„Моменти против времето“ – фотоизложба на осум автори од Хрватска во „Галерија Рудиќ“

Во Галерија Рудиќ вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Моменти против времето“  на осум фотографи од Хрватска. Изложбата ја сочинуваат 32 црно-бели фотографии создадени од осум автори под раководство на уметничкиот фотограф Станко Абаџиќ. – Изложбата го евоцира носталгичниот дух на фотографската уметност пред дигиталната ера, нагласувајќи ги дотераните класични стилови, играта на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Галерија Рудиќ вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Моменти против времето“  на осум фотографи од Хрватска.

Изложбата ја сочинуваат 32 црно-бели фотографии создадени од осум автори под раководство на уметничкиот фотограф Станко Абаџиќ.

– Изложбата го евоцира носталгичниот дух на фотографската уметност пред дигиталната ера, нагласувајќи ги дотераните класични стилови, играта на светло и сенка, и уметничкото проширување на реалноста. Фотографиите ги прикажуваат луѓето, улиците, градовите, архитектурата и настаните со безвременска чувствителност. Уметничките принципи на визуелност и ритам се очигледни, додека сликите на градот не се секогаш еднозначни, се посочува за изложбата.

Реклама

Истакнати придонеси на поединечните автори вклучуваат: Jасминa Бауман – графички дизајн и фотографско сликарство, Ален Чабриќ – автентичност во портретите, Иван Чагаљ и Милан Чекиќ – улични настани и естетски впечатоци, Хрвое Филиповиќ – сиво-тонирани сцени на улици и плоштади и Хрвое Гламузина,  Дејан Пејиќ и Божидар Краљ – урбани паралели и геометрија наспроти човечноста.

Осумте автори имаат за цел да ја поттикнат меморијата и да го возвишат секој снимен момент кон поголема тема, наведува за изложбата Боро Рудиќ.