Реклама

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Македонија

Мобилната апликација „М-услуги“ е достапна за сите корисници и на „Андроид“ и на ИОС-уредите, вели Андоновски

Мобилната апликација „М-услуги“ е активна и е достапна за сите корисници на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мобилната апликација „М-услуги“ е активна и е достапна за сите корисници на „Андроид“ и на ИОС-уредите. Достапни се три електронски услуги, и тоа електронска лична карта, електронска верзија на возачката дозвола, што се преземаат од базите на Министерството за внатрешни работи, како и обрасците М1, М2 и М4. 

– Планот е да ги детектираме услугите на порталот uslugi.gov.mk, кои се најкористени и да ги префламе една по една на мобилната апликација. Во моментот ниедна апликација во Македонија нема можност за плаќање и на тоа работиме во периодот што следува. Се надевам дека ќе успееме. Штом успееме во тоа, ќе ги внесуваме апликациите што се со административна такса. Во моментот ќе внесуваме апликации што не бараат од вас да платите – изјави министерот за дигитална трнасформација Стефан Андоновски на денешната промоција на мобилната апликација.    

Зборувајќи за искуството од други држави, министерот рече дека и други државни апликации, како „Мое здравје“, „Мојот данок“, „Мој ДДВ“, „Локална самоуправа“ – се надградувале и оти очекува дека тоа ќе се случува и кај нас во периодот што следува. 

Реклама

Сите институции што имаат објавено своја услуга на Ннционалниот портал uslugi.gov.mk сметаме дека се подготвени да бидат и на „М.услуги“. – Тие и во моментот не забележуваат од каде им доаѓа барањето за конкретната услуга. Тоа го работиме ние. Оние услуги што немаат внатрешни системи со кои работиме ќе им треба повеќе време да стасаат – рече министерот.   

Ministria e Transformimit Digjital sot zyrtarisht e lansoi aplikacionin mobil m.Shërbime, qasje e re mobile drejt shërbimeve digjitale publike dhe dokumenteve elektronike të qytetarëve.

Доколку во апликацијата се појави грешка, граѓаните може да постават прашање на модулот во самата апликација или да се обратат до контакт-центарот на националниот портал uslugi.gov.mk. 

– Ниедна апликација не е совршена, не е ни оваа, на ниво е на сите мобилни апликации во државата и пошироко, оценета со одлични оценки и од аспект на кибербезбедност, но секако, доколку постои грешка, и во рамките на апликацијата постои модул за прашања, граѓаните може да се обратат до националниот портал uslugi.gov.mk во контакт-центарот за да им помогнат нашите вработени – рече Андоновски.

Во однос на начинот на воведување и законските основи, министерот посочи дека ќе има процес на адаптација и дека ова е фазно воведување, а во моментот дигиталниот паричник е уреден со Законот за електронските документи и електронската идентификација, во членот 20 г.

– Со измените таму се смета дека дигиталниот паричник служи за идентификација на граѓаните, што значи дека со податоците што ќе ги содржи граѓаните ќе може да се идентификуваат. Не се променети законите за личната карта и за безбедност во сообраќајот, но тие не мора да се менуваат. Поважно е да се менуваат правилниците, но има и група на други правилници и закони кои до ден-денеска бараат и фотокопија од личната карта. Тие ќе треба постапно да ги менуваме и тоа е процес што ќе трае во периодот што следува. Многу повеќе ќе биде предизвик техничкото прифаќање на дигиталниот паричник од институциите, најмногу поради нивните внатрешни системи – посочи Андоновски.

Секоја од овие институции, како и вработените, ќе треба да имаат систем и апликацијата кај себе за да може да скенираат дигитален паричник за да може да му ги препознае податоците. – Но овој процес траел неколку години во други држави, ќе трае некое време и кај нас, но имаме подготвеност и институција по институција, приватниот сектор, државата ќе почнеме да ги прифаќаме – рече министерот.

– Меѓународно, ние сме една од првите држави во регионот што ова го реализира и обврска ни е до декември 2027 да имаме пристапност до европскиот дигитален паричник, што ќе значи прифаќање на електронските документи. Таму се сите, и дипломи, и сертификати, и уверенија – рече тој. 

На пример, појаснува Андоновски, доколку денеска нè запре сообраќајна полиција, не може да се идентификуваме со електронската лична карта бидејќи нема можност како да нè провери дали нашиот дигитален паричник е валиден.

– Во моментот кога МВР ќе биде подготвено за тоа, ќе известиме, ќе ги промениме и подзаконските акти во МВР, кои се однесуваат на личната карта и на возачката. На пример, во други држави први почнале да ги прифаќаат банките, влегување во локали, купување услуги од супермаркети – рече Андоновски по денешната промоција.