Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Мобилен царински тим спречи криумчарење на златен накит вреден 1,5 милиони денари

Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење златен накит во вредност од 1,5 милиони денари. Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, кога инспектори од Одделението за оперативни работи, поради основано сомневање, извршија контрола на возило со кое управувал македонски државјанин, соопшти Царинската управа. При контролата е откриено кршено злато и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење златен накит во вредност од 1,5 милиони денари. Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, кога инспектори од Одделението за оперативни работи, поради основано сомневање, извршија контрола на возило со кое управувал македонски државјанин, соопшти Царинската управа.

При контролата е откриено кршено злато и златен накит со вкупна тежина од 324,7 грама, коишто лицето со намера да ги криумчари, ги завиткало во црна ќеса и ги сокрило во фиоката под возачкото седиште.

Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое против сторителот И.М. поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.