Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

ММФ: Македонската економија е стабилна и отпорна

Македонската економија е отпорна и стабилна оцени ММФ. Според извештајот, иако во Европа владее најголемата економска криза, македонската економија во 2025 година пораснала за 3,5%., економскиот раст е забрзан, јавниот долг стабилизиран, а финансискиот сектор останува стабилен. Извршниот одбор на ММФ во извештајот ја поздравува и определбата на Владата и Министерството за финансии за фискална […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската економија е отпорна и стабилна оцени ММФ. Според извештајот, иако во Европа владее најголемата економска криза, македонската економија во 2025 година пораснала за 3,5%., економскиот раст е забрзан, јавниот долг стабилизиран, а финансискиот сектор останува стабилен.

Извршниот одбор на ММФ во извештајот ја поздравува и определбата на Владата и Министерството за финансии за фискална консолидација и зачувување на одржливоста на јавните финансии.

Подобрувањето на наплатата на приходите, зголемување на ефикасноста на јавните расходи и одговорното управување со јавниот долг се важни за дополнително зајакнување на отпорноста на економијата. Европскиот План за раст за Западен Балкан исто така претставува клучна можност за забрзување на реформите.“, стои во извештајот.

Реклама

За таа цел, ММФ препорачува понатамошно спроведување на структурните реформи за зголемување на продуктивноста, подобрување на деловната клима, унапредување на управувањето со јавните претпријатија и зајакнување на институционалните капацитети.

Најголем ефект врз идниот и очекуван раст на економијата би имале реформите на пазарот на трудот и вложувањата во човечки капитал. Тие би можеле да донесат дополнителен раст од 6,6 проценти. Подобрувањето на деловната клима би придонело со уште 4,6 проценти, а намалувањето на корупцијата и подобрувањето на институциите со дополнителни 2,7 проценти, проценува фондот.

Споед ММФ, доколку државата ги спроведе потребните реформи, ја намали корупцијата за пет години БДП би можел дополнително да порасне за 14%, со што земјава побрзо би се доближила до европскиот просек.

Извештајот ММФ го подготвува еднаш годишно за секоја земја поедничено и дава насоки како да се подобри економијата во земјите, при што се прават и анализи на кредитниот рејтинг на државите подоцна.