Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Свет

Младите Американци најмалку заинтересирани за вакцинирање

Соединетите Држави нема да ја достигнат целта која ја постави претседателот Џо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соединетите Држави нема да ја достигнат целта која ја постави претседателот Џо Бајден – до 4 Јули, Денот на независноста, да бидат вакцинирани 70% од возрасните Американци. Проблемот не е во достапноста на вакцини туку во скептичноста кај дел од населението.

Во САД бројките на новозаразени се на најниско ниво од почетокот на пандемијата во март 2020-та. Можеби тоа е причината што се помалку луѓе се заинтересирани за вакцинација. Најголем проблем? Младите Американци!

„Државата има уште работа, особено кај оние од 18 до 26 години. Реалноста е дека многу млади Американци мислат дека Ковид-19 не е нешто што ги засега нив, па не се толку заинтересирани за вакцина“, вели Џеф Зеинтс, координатор за Ковид-19 на Белата куќа.

Реклама

Белата куќа призна дека нема да се исполни целта – 70% вакцинација до Денот на независноста, но соопшти дека тоа веќе е постигнато кај Американците постари од 30 години.

Освен кај младите, стапките се пониски и кај Афроамериканците.

Од Центарот за контрола на болести велат ситуацијата се подобрува, но законодавците во Конгресот сметаат дека треба уште многу да се направи.

„Нема да ги достигнеме целите во многу сојузни држави и заедници ако не продолжиме да се справуваме со двоумењето, дезинформациите и другите проблеми кои ги оттргнуваат Американците од вакцинирањето. Мора да продолжиме да го зголемуваме пристапот и да ги адресираме бариерите кои го отежнуваат вакцинирањето, особено кај Афроамериканците“, рече Пети Муреј, сенаторка од Демократската партија.

И кај дел од религиозните групи има противење – речиси половина од Евангелистите велат дека нема да се вакцинираат.

„На глобално ниво американската евангелистичка култура е особено влијателна во делови од Азија и Африка. Веќе извезуваме дезинформации и страв во остатокот од светот, особено преку социјалните медиуми“, рече Куртис Чанг, Теолошки факултет на Универзитетот Дјук.

Позитивно е што здравствените власти се оптимисти дека и со овие стапки на вакцинација нема да има сериозен четврт бран на инфекции следната зима.

„Не мислам дека дури и под овие околности ќе видиме нешто како илјада починати на ден. Мислам дека тоа е многу, но постои опасност, вистинска опасност дека ако постои упорност кај одбивањето на вакцинацијата може да видиме локални епидемии.
Во САД досега се дадени над 320 милиони дози вакцини, а над 150 милиони луѓе или околу 46% од вкупното население е целосно вакцинирано“, вели д-р Ентони Фаучи, директор на Национален институт за заразни болести.

Бидејќи домашните потреби за вакцини се задоволени, Соединетите Држави сега се насочени кон помагање на други земји. Сепак, и целта во странство да бидат испратени 80 милиони дози до крајот на месецов веројатно нема да биде остварена поради логистички проблеми.

За Алфа, од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.