Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Мисајловски: Куманово дополнително ќе биде град на можности

Министерот за одбрана и носителот на изборна единица 2 од ВМРО-ДПМНЕ, Владо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана и носителот на изборна единица 2 од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на митингот во Куманово на кој беа претставени кандидатите за советници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, потенцираше дека градот заслужува да биде „град на можности, град на развој и град што се гради со љубов, посветеност и визија“

-Вечерва сум тука со вас да испратиме порака. Куманово заслужува да биде град на можности, град на развој и град кој се гради со љубов, со посветеност и со визија. Потенцијалот е  јасен, визијата е конкретна, а можностите за развој се реални и остварливи, порача Мисајловски.

Тој истакна дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно инвестира во сите општини и дека ќе продолжи со активности и иницијативи за подобрување на животниот стандард и просперитетот на граѓаните.

Реклама

-Заедно градиме иднина во која модерната инфраструктура ќе биде за сите, квалитетното образование и социјалната поддршка ќе бидат основа за развој и просперитет, подвлече Мисајловски, повикувајќи на единство и поддршка во изборниот процес.

Носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во општина Куманово, Владимир Михајловски, истакна дека оваа листа се издвојува поради тоа што кандидатите се професионалци и докажани во својата работа. 

-Оваа советничка листа се разликува од останатите, има луѓе кои природно му припаѓаат на Македонија, му припаѓаат на Куманово и на народот. Горд сум со луѓето што ги предводам, тие се истакнати професионалци, скромни, но докажани во својата работа и човечност, истакна Михајловски.

Тој нагласи дека со заокружување на бројот 9 на гласачкото ливче, граѓаните ќе добијат планско проширување на градот, правилно урбанистичко уредување, изградба и обновување на канализациони системи, нови спортски игралишта и субвенционирање на локалниот спорт.

-Гласате за повеќе слободни паркинг места, изградба на катни гаражи, ослободување на тротоарите, подобра урбана инфраструктура, а исто така и за борци за почиста животна средина, уредување на речните корита и изградба на паркови и зелени површини, додаде Михајловски.

Ги повика граѓаните масовно да излезат на избори на 19 октомври и да го направат, како што рече, вистинскиот избор за својот човек, своето место и својата иднина, нагласувајќи дека доаѓа време на луѓе кои се тука да служат на народот и Куманово.