Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Мисајловски во Брисел: Здружени во НАТО можеме да го издржиме секој предизвик

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска се обрати на состанокот на Северноатлантскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет на Алијансата во седиштето на НАТО во Брисел, на кој присуствуваа министрите за одбрана на сојузничките земји.

Мисајловски, како што информира Министерството за одбрана, се осврна на целите, приоритетите и активностите кои се преземени од страна на Владата, Министерството за одбрана и Армијата, во согласност со договореното од последниот самит на НАТО во Хаг, како и на единството на Алијансата кое денес, како што наведе, е повеќе од потребно во зацврстувањето на концептот за одбрана и одвраќање.

– Дури и во време на глобални геополитички промени, ако продолжиме да се фокусираме на она што нѐ поттикна толку енергично да се стремиме кон членство во НАТО со децении – потребата од мир, безбедност, стабилност, како предуслов за просперитет, како Алијанса можеме да го издржиме секој предизвик што ќе ни се најде на патот, рече министерот Мисајловски.  

Реклама

Тој посочи дека нашата држава продолжува да го зголемува буџетот за одбрана, а со тоа останува и максимално посветена на осовременување на македонската Армија.

За модернизација, како што се наведе, годинава се одвоени над 32,5 проценти од македонскиот одбранбен буџет, што е далеку над она што е предвидено да биде согласно НАТО целите, односно одвојување на 20 отсто од одбранбениот буџет за модернизација.

– Веќе потпишаните договори со повеќе сојузнички држави успешно се заокружуваат, но имаме и тековни договори, кои придонесуваат за модернизирање и опремување на Армијата, за зајакнување на одбранбените капацитети, а со тоа и за зајакнување на колективната одбрана, рече министерот за одбрана.

Мисајловски нагласи дека паралелно се инвестира и во човековите капацитети, а „доказ за тоа е фактот дека припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група се одлично подготвени за НАТО оценувањето кое претстои во април оваа година“.

Министерот додаде дека активно ќе продолжиме да партиципираме во мисиите и операциите предводени од НАТО и ЕУ, како во рамки на источното крило на Алијансата, така и во рамки на КФОР и АЛТЕА, сѐ со една цел – мир, стабилност, безбедност и просперитет за државите и граѓаните.

За време на состанокот, министерот Мисајловски даде силна поддршка на мировните напори на САД за воспоставување мир во Украина и на европскиот континент.

По завршувањето на состанокот, министерот Мисајловски замина за Минхен, каде ќе биде дел од македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски на претстојната безбедносна конференција која ќе се одржи од 13 до 15 февруари 2026 година.