Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Мисајловски: Болката од трагедијата во „Пулс“ никогаш нема да престане – тоа беше најтешката ноќ во мојот живот

Болката од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани никогаш нема да престане,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Болката од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани никогаш нема да престане, тоа беше најтешката ноќ во мојот живот, истакна вечерва министерот за одбрана Владо Мисајловски.

На Алфа ТВ, Мисајловски уште еднаш изрази сочувство до семејствата и роднините на загинатите.

-Болката нема никогаш да прекине. Имав можност да бидам дел од Меѓународната конференција каде се разговараше на оваа тема, со многу доктори, луѓе што помогнале, но и многу луѓе што дадоа предлози во иднина за секоја трагедија, секоја случка поврзана со криза, како подобро да се дејствува, што ќе биде од сето ова и поука. Знаете дека во кризни моменти поинаку се реагира, поинаку работи свеста, рече министерот.

Реклама

Тој нагласи дека Армијата одиграла значајна улога во помошта веднаш по несреќата.

-Тој период, уште од првите часови, Армијата излезе на терен и во наредните денови помагавме колку што можевме. Имаше голема мобилизација, но за жал не можете да вратите ниту еден млад човек. Тоа е трагедија и навистина ми е тешко кога зборувам за тоа, потенцираше министерот.

Мисајловски упати благодарност до сите кои помогнале во справувањето со последиците од трагедијата – Армијата, униформираните лица, болничарите,… 

Говорејќи за првите моменти кога дознал за трагедијата, министерот рече дека тоа била најтешката ноќ во неговиот живот. Глетката, нагласи, никогаш нема да ја заборави.

-Во тој момент, сепак сум министер за одбрана. Веднаш отидов на работа и се формира Кризен штаб, најпрво во мојот Кабинет, а потоа и во други единици од командата, рече Мисајловски.

Тој додаде дека имал многу повици – со генерали, амбасади, конзули.

– Ние како институции сме должни секој еден да помагаме во системот да биде подобар, затоа е потребно што повеќе да се земат и возила, да се земат и различни системи, да се дополнува со средства во различни институции каде ќе имаме подирекно повеќе амбуланти, повеќе санитетски возила се што и треба на една држава во било каква трагедија, додаде министерот.

Мисајловски истакна дека во деновите по трагедијата имало интензивна координација меѓу институциите, како и постојана комуникација со Црвениот Крст, на кој исто така му изрази благодарност за ангажманот и помошта.