Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Министерството за правда: Се финализираат измените и дополнувањата на Изборниот законик

Деветтата седница на работната група за реформи во изборното законодавство, на која продолжи разгледувањето на предлог-измените и дополнувањата на Изборниот законик, се одржа денеска – соопштуваат од Министеството за правда. – Во текот на досегашната работа работната група разгледа и усогласи низа клучни прашања, вклучително и препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и предлозите доставени од државните […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Деветтата седница на работната група за реформи во изборното законодавство, на која продолжи разгледувањето на предлог-измените и дополнувањата на Изборниот законик, се одржа денеска – соопштуваат од Министеството за правда.

– Во текот на досегашната работа работната група разгледа и усогласи низа клучни прашања, вклучително и препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и предлозите доставени од државните институции и политичките партии. Некои од решенијата беа усогласени со консензус, а за одредени прашања се водеше интензивна и конструктивна дебата – стои во соопштението.

Како што дополнуваат, по комплетирањето на процесот и финализирањето на предлог-решенијата, измените и дополнувањата на Изборниот законик ќе бидат доставени за понатамошна постапка.