Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Економија

Министерство за земјоделство: ИПАРД не е суспендиран, опозицијата ја манипулира јавноста

Европската комисија нема донесено одлука за суспензија на средствата од ИПАРД III…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската комисија нема донесено одлука за суспензија на средствата од ИПАРД III програмата, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во соопштението се наведува дека на состаноците со претставниците на Европската комисија било најавено спроведување дополнителни контроли во делот на веќе завршените предмети. По завршувањето на проверките и контролите, како што се посочува, реализацијата на ИПАРД III програмата ќе продолжи без застој.

Министерството информира дека Македонија останува посветена на искористувањето на европските фондови, наведувајќи дека во моментов искористеноста на ИПАРД III програмата изнесува 7,3 отсто, што, според нив, е добар резултат во регионот и втор најдобар по Турција.

Од Министерството уверуваат дека ниту еден земјоделец нема да биде загрозен во однос на користењето на средствата од ИПАРД III програмата и апелираат до опозицијата да се воздржи од, како што наведуваат, неосновани коментари и дезинформации, во интерес на заштита на угледот на државата пред меѓународните институции.