Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Министерот за здравство Алиу ја посети Болницата во Кочани, каде започна уредувањето на дворната површина

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Општата болница со проширана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Општата болница со проширана дејност во Кочани. При тоа се сретна со  градоначалникот Владко Грозданов и со ракводството на кочанската здравствена установа.

На овој настан беше објавено склучувањето на Меморандум за соработка помеѓу Општината и Болницата во насока на расчистување и хортикултурно уредување на дворната површина и просторот под асфалт, заради обезбедување повеќе паркинг места за пациентите и  вработените.

Министерот Алиу ја поздрави ваквата активност, позитивно оценувајќи ги агилноста и на градоначалникот и на раководството на Болницата.

Реклама

-Кога пристапот е домаќински  резултатите се видливи. Овој простор не е чистен триесетина години и задоволство е да се видат активен градоначалник и директор, кои што знаат дека пристапот и инфраструктурата во здравството не се само внатрешниот дел ,туку и надворешноста, со пристап до ваквите институци затоа што овде доаѓаат лица што мораат, а не затоа што сакаат,  рече Алиу.

Во однос на повредените во „Пулс“, министерот за здравство Азир Алиу посочи дека таквите лица соодветно се згрижени, а по потреба на пациентите, медицинските лица од нашата држава се консултираат и со нивните колеги од соседните земји.

Од своја страна, градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, информираше дека на местото каде што сега се наоѓа  модуларната болница ќе биде изградена современа платформа за паркирање, со што значително ќе се подобрат условите за пациентите и посетителите на болницата. 

Пролетните работни активности за уредување на болничкиот дворен простор се реализираат од страна на локалната самуправа во координација со КЈП „Водовод“, како резултат на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Општината и Болницата