Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Министерот за јавна администрација Минчев со честитка по повод 23 Мај – Меѓународен ден на Власите

Денес оддаваме почит на вековната традиција, култура и духовно наследство на влашката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес оддаваме почит на вековната традиција, култура и духовно наследство на влашката заедница, која претставува нераскинлив дел од општествениот и културниот живот во Македонија, стои во честитката на министерот за јавна администрација Горан Минчев по повод 23 Мај – Меѓународен ден на Власите. 

-Власите со својата посветеност, труд и автентичност оставиле длабока трага во развојот на нашата држава, придонесувајќи во образованието, културата, науката, економијата и јавниот живот – се вели во честитката.

Министерот додаава дека наша обврска е заеднички да продолжиме да го негуваме мултикултурниот дух, меѓусебната почит и еднаквите можности за сите граѓани.

Реклама

-Само преку зачувување на различностите ја зацврстуваме заедничката иднина и вредностите на демократското општество. Нека овој ден биде потсетник дека токму различностите не прават посилни, а заедништвото и меѓусебната почит се темел на стабилно и напредно општество – порача Минчев.