Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Министерот Лимани врачи 17 нови договори за грантови во рамки на третиот повик за развој на социјални услуги на локално ниво

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денес официјално врачи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денес официјално врачи седумнаесет (17) нови договори за грантови за развој на социјални услуги, во рамки на Третиот јавен повик, дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги.

Министерот во своето обраќање до присутните се осврна на заложбите на министерството – да се одговори реално и ефективно на потребите на граѓаните, во нивното место на живеење.

Во рамки на Третиот повик, Министерството веќе потпиша договори со девет (9) општини, а денешниот настан го означи продолжувањето на процесот со уште седумнаесет (17) нови социјални услуги во различни заедници низ земјата.

Реклама

Станува збор за воспоставување на нови видови на услуги, како што се: помош и нега во домот за стари и немоќни лица, дневни центри за стари лица со фокус на активно и достоинствено стареење, дневни центри за лица со попреченост, со индивидуализиран пристап и поддршка.

Со овие нови активности, се продолжува континуитетот на реформата што започна со првите два повици, во рамки на кои беа поддржани 34 проекти во 43 општини, со над 460 ангажирани негуватели и над 1.600 корисници кои веќе ги користат овие услуги.

– Партнерството меѓу Министерството, Општините и Давателите на услуги не го гледаме како техничка или административна соработка, туку како темел на целиот систем за социјална заштита. Вие сте претставниците на промената на терен. Вие го претворате концептот на „услуга“ во конкретна помош, реално присуство и искрена грижа, истакна Лимани.

Тој посочи дека секоја општина, секоја организација и секој професионалец во овој процес има незаменлива улога.

– Целта е суштинска трансформација: од форма кон содржина, од процедура кон решение, кон вистинска промена во животот на луѓето. Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе продолжи да биде активен, отворен и посветен партнер. Ќе го изградиме овој систем со луѓето и за луѓето – со одговорност, одржливост и хуманост, порача Лимани.

Тој се заблагодари за довербата, за посветеноста и за работата на општините и давателите на услуги, сето тоа за доброто на нашите граѓани.